Плановите предвидуваат дека новиот град ќе стане индустриски центар, во кој еден ден ќе живеат 300 000 луѓе
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток.
Путин го потпиша планот за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток, град на крајниот исток од земјата.
Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2 000 километри од Кина.
Плановите предвидуваат дека новиот град ќе стане индустриски центар, во кој еден ден ќе живеат 300 000 луѓе.
Пред потпишувањето на договорот за изградба на нов град, министерот за одбрана, Сергеј Шојг,у се заложи за изградба на неколку нови градови во источниот дел на Сибир, за оддалечениот регион да стане попривлечен за руските жители.
Се повеќе Руси се селат во главниот град Москва, каде што има подобра инфраструктура од кој било друг град во земјата и повеќе можности за вработување.