Последните информации што ги објавија српските медиуми се дека лекарите од Итната помош во Јагодина не успеале да го спасат животот на сопственикот на кафеаната Д. М. (56)
Две лица се повредени во вечерашната престрелка во ресторан во Јагодина, по што се примени во болница, пренесува државната Радио-телевизија на Србија (РТС).
Престрелката се случила на улицата „Иво Андриќ“ во населбата Стрелиште, а според РТС, полицијата го има блокирано сообраќајот на таа улица.
Од болницата во Јагодина за јавниот медиумски сервис потврдуваат дека две лица, кои се примени со рани здобиени во престрелката, се на опсервација.
РТС пренесува дека се трага по осомничениот маж и се утврдуваат околностите на инцидентот.
Последните информации што ги објавија српските медиуми се дека лекарите од Итната помош во Јагодина не успеале да го спасат животот на сопственикот на кафеаната, Д. М. (56).
Во престрелката, се додава во веста од „блиц.рс“, се ранети и млад маж и девојка. Еден од гостите бил ранет во нозете, а другиот во стомакот.
Полицијата сè уште трага по напаѓачот кој по злосторството побегнал.