Учесниците носат транспаренти „Макрон, ако си шампион, дај оставка“, „Пари за образование, а не за бомбардирање“, „Оданочи ги богатите, спаси ја планетата“ и многу други
Во денешните протести низ цела Франција до 14 часот се уапсени 119 лица, а шест полицајци се повредени, јави телевизијата БФМ објаснувајќи дека полицајци биле повредени за време на судири со демонстрантите.

Полицијата собири евидентирала на 439 локации низ целата земја и пребројала дека на нив се присутни околу 243 000 демонстранти. За време на протестите биле блокирани 92 патишта.
Учесници на протест се собраа и пред Министерството за економија во Париз и кусо влегоа во дворот на Министерството, но брзо си заминаа.
Францускиот премиер Себастијан Лекорну рече дека ситуацијата се следи внимателно.
По 14 часот во неколку града – Париз, Бордо, Нант, поворките со демонстранти започнаа протестна прошетка.
Учесниците носат транспаренти „Макрон, ако си шампион, дај оставка“, „Пари за образование, а не за бомбардирање“, „Оданочи ги богатите, спаси ја планетата“ и многу други.
Весникот „Паризиен“ известува дека центарот на Париз е блокиран.
Во текот на утрото, средните и основните училишта, како и железничките станици и метрото, беа блокирани, но по некое време демонстрантите се повлекоа.
Денешните штрајкови доаѓаат во време на политичка криза во Франција откако претседателот Емануел Макрон минатата недела го назначи својот близок сојузник Лекорну за трет премиер за една година. Претходните двајца, Франсоа Бајру и Мишел Барние, беа отстранети од Националното собрание поради несогласувања поврзани со буџетот.
Лекорну, кој го започнува својот мандат со многу низок рејтинг на популарност за нов премиер, беше министер за одбрана во претходните две отстранети влади. Лекорну има за задача да ги консултира политички сили претставени во парламентот со цел да се усвои националниот буџет и да се постигнат потребните договори за одлуките што треба да се донесат во наредните месеци.