Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во пресрет на одржувањето на вториот круг од локалните избори, денеска и утре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел граѓаните да може да подигнат лични карти.
Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав, на денеска ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот, соопштија денеска од МВР.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат подрачните единици во Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат подрачните единици во Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат следните подрачни единици во Струмица, Гевгелија и Радовиш.
Истовремено и Одделението за управни работи Скопје само во објектот на МРТВ денеска ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.
В недела, пак, сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје – Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.