Ниту во последното деноноќие, ниту според регистарот на починати од „Мој термин“ со дијагноза ковид-19 не се пријавени починати лица
Во последните 24 часа направени се 866 теста, а регистрирани се 141 нов случај на ковид-19, од кои 45 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 79, Прилеп и Кавадарци – по 9, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 6, Тетово – 4, Велес – 3, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 84 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Кавадарци – 7, Штип – 6, Прилеп – 5, Крива Паланка – 3, Куманово, Битола и Гевгелија – по 2, Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84), во болнички услови. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 160 118 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 889, бројот на оздравени пациенти е 331 679, на починати е 9 516, а бројот на активни случаи изнесува 694.
