Најавите за враќање можно враќање на карантинот, откако пред извесно време беше скратен полицискиот час, наидоа на различни реакции во јавноста
Дали македонските граѓани ќе останат во 58-часовен карантин за време на продолжениот викенд, како што предлага Комисијата за заразни болести, или ќе се оди на модифицирање на полицискиот час в сабота, недела и в понеделни, Владата веројатно ќе одлучува утре.
Засега нема информација кога Владата ќе заседава за да се изјасни по предлогот на Комисијата за заразни болести забраната за движење да почне во сабота во 19 часот и да трае до вторник до 05 часот.
Најавите за можно враќање на карантинот за време на празничниот викенд, откако пред извесно време беше скратен полицискиот час, така што сега секој ден почнува од 19 часот, наидоа на различни реакции во јавноста.
Од Исламската верска заедница прво ја предупредија Владата дека немаат намера да ги откажат молитвите за Рамазан Бајрам, за денеска да соопштат дека ја откажуваат традиционалната централна манифестација по повод празникот.
В недела, 24 Мај, е и Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, на кој во во сите претходни години досега висока македонска државна делегација присуствуваше на традиционалната манифестација во Ватикан „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев е против 58 -часовен карантин за празничниот викенд. Во пладневните вести на Сител, тој потенцираше дека на граѓаните мора да им се остави одреден временски период за да ги завршат приватните обврски. Рече дека ова е негов личен став што го соопштил и на утринскиот состанок на Кризниот штаб.
„Мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок, бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжено ограничување на движењето не е добро за нивното психофизичко здравје“,
изјави Чулев.