Полицијата во градот Вила Реал уапси тројца шпански државјани под сомнение дека како членови на наркобанда шверцувале кокаин скриен во пратки со корали и школки од Латинска Америка во Европа, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.
Полицијата како „мозок на операцијата“ означила 79-годишна шпанска државјанка.
Според „Ел Паис“, тројца членови на организацијата користеле фирма како покритие за шверцот на дрога. Контејнерите во кои се превезувала дрогата биле преправени за да се сокријат пакети со кокаин.
Како што се наведува, шпанската Цивилната гарда открила 15 килограми дрога за време на една рација.
Криминалната организација имала јасна хиерархиска структура, каде што 79-годишна жена била водач на групата и се претставувала како сопственик на компанијата која била параван за трговијата со дрога, се вели во соопштението на Цивилната гарда.
Жената, која е од Алио, во близина на Тарагона, во североисточна Шпанија, е уапсена во Португалија со уште двајца Шпанци на возраст од 26 и 60 години. Сите се уапсени за време на операција предводена од шпанската Цивилна гарда и португалската Национална полиција.