Метеоролошките служби во главниот град на провинцијата Хенан соопштија дека се работи за најобилни врнежи од дожд за еден ден од почетокот на мерењата пред 60 години
Дванаесет лица загинаа во поплавите предизвика од обилните дождови во главниот град на централната кинеска провинција Хенан, а околу 100 000 жители на покраината мораа да бидат евакуирани во безбедни области, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“.
Метеоролошките служби на провинцијата Хенан и градот Женгжу ја подигнаа подготвеноста на службите за катастрофи на ниво 1, а прогнозите предвидуваат дека денеска до доцна навечер во покраината ќе паѓаат обилни дождови.
Во невообичаено активната дождовна сезона, провинцијата Хенан беше погодена од невреме кое трае од викендот, како резултат на што реките се излеаја од своите корита и ги преплавија улиците во десетици градови.
Во Женгжу, кој е главен град на Хенан, на бреговите на Жолта река, вчера попладне паднаа повеќе од 200 милилитри дожд за еден час, принудувајќи го градот да го прекине целиот сообраќај во метрото.
Метеоролошките служби во овој град соопштија дека се работи за најобилни врнежи од дожд за еден ден од почетокот на мерењата пред 60 години.
Кинеската војска во вторникот предупреди и на непосредна опасност од пукање на браната Јихетан во Луоанг, град со околу седум милиони жители во провинцијата Хенан.