Неофицијално, Васе Анакиев бил фатен при примање поткуп во износ од околу 50 000 евра
Актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, вечерва е уапсен во полициска акција под координација на ОЈО ГОКК поради сомнение за примање мито. Неофицијално, Анакиев бил фатен при примање поткуп во износ од околу 50 000 евра.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вечерва соопштија:
„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК, во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата.“
Васе Анакиев беше именуван за в.д. директор на Државниот инспекторат за земјоделство во јули 2024 година.
Тој е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), чиј лидер е Љупчо Димовски – актуелниот вицепремиер за политички систем.
