Кинеските спортисити и целиот персонал внатре во „меурот“ нема да можат да излезат надвор од него сè додека не завршат Параолимписките игри кои според програмата ќе траат од 4 до 13 март
Организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг најавија дека поради коронавирусот, учесниците на Игрите и целиот персонал ќе престојуваат во таканаречен „здравствен меур“, односно нема да имаат никаков контакт со надворешниот свет за време на одржување на Игрите, пренесува српската Н1.
Кина е позната како држава која има нулта толеранција на коронавирусот и поради тоа ги преземаат сите мерки со кои би се спречило неговото ширење во текот на најголемиот светски натпревар по спорт, кој треба да се одржи од 4 до 20 февруари во Пекинг.
Пред да влезат во „меурот“, сите мора да бидат вакцинирани со три дози на антиковид вакцина а во спротива ќе бидат 21 ден во изолација. Во текот на престојот во „меурот“ ќе важат ригорозни здравствени мерки, а сите натпреварувачи ќе се тестираат на дневна база.
Кинеските спортисити и целиот персонал внатре во „меурот“ нема да можат да излезат надвор од него сè додека не завршат Параолимписките игри кои според програмата ќе траат од 4 до 13 март.
На Игрите ќе можат да присуствуваат само жителите на Кина.