Во падот на украинскиот воен авион на североистокот од земјата, во Харковската област, загинаа најмалку 22 лица, а меѓу нив офицери и кадети од воената академија, соопштија украинските власти.
„За жал, 22 лица се загинати, а има двајца преживеани, од кои едно е во критична состојба. Судбината на четворица други засега е непозната. Се молиме за нивниот живот и даваме брза помош“,
рече шефот на регионалната државна управа, Алексеј Кучер.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека денес ќе го посети Харковскиот регион.
„Итно се формира комисија за разјаснување на сите околности и причини за трагедијата. Издадов релевантни упатства на премиерот. Во тек се операции за пребарување и спасување. Утре ќе бидам во регионот Харков“,
напиша Зеленски на социјалните мрежи.