Одеса, најголемото пристаниште и поморска база во Украина, постојано беше напаѓана со проектили и беспилотни летала, а морето е преполно со стотици мини од инвазијата минатиот февруари
Неколку плажи во украинскиот црноморски град Одеса се официјално отворени за капење по првпат од почетокот на руската инвазија, и покрај забраната за пливање за време на воздушни напади, соопштија денеска локалните власти.
Одеса, најголемото пристаниште и поморска база во Украина, постојано беше напаѓана со проектили и беспилотни летала, а морето е преполно со стотици мини од инвазијата минатиот февруари.
Заради безбедност на жителите и по експлозија на неколку мини на плажите, крајбрежјето беше затворено.
„Воените и цивилните власти заеднички одлучија повторно да ги отворат плажите“,
информира гувернерот на областа Одеса, Олег Кипер, на комуникациската платформа Телеграм.
Тој рече дека плажите ќе бидат отворени од осум наутро до осум навечер.
Олександр, спасител и поранешен нуркач, рече дека минската мрежа била поставена помеѓу два столба за да ги заштити капачите од мини во плиткото море.
Отворањето на плажите претставува краток одмор од војната за луѓето да можат да пливаат и да се сончаат.
„Сонував да одам на плажа и да дишам од солениот воздух. Многу ни недостигаше. Но безбедноста е главен приоритет”,
изјавила Свитлана, жителка на регионот Одеса.