Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ го објавуваме вечерва (19 јуни 2023 г.)
Во ова издание донесуваме:
– Надзор над „Бехтел и Енка“ – по три месеци предистрага, обвинителството на Ислам Абази успеало да ги обезбеди броевите од тендерите; Ресорот на Благој Бочварски, пак, упорно не одговара дали има друга фирма како „Електра солушнс“ што добила лиценца за три работни дена;
– Конфузија околу оштетувањата на мостот „Беласица“ – не само што не се знае кој го запалил и кога ќе биде пуштен во употреба туку нејасно е дали воопшто ќе има веродостојна проценка на оштетувањето што го претрпел;
– „Има итност за сите политичари да им покажат на граѓаните на Северна Македонија дека се посветени на иднина во Европа како дел од создавање попросперитетна, фер и стабилна држава во која младите ќе сакаат да останат“ – кратко интервју со специјалниот пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан, Стјуарт Пич;
– „Саботажа“.