Според официјалните податоци, од крајот на декември повеќе од 30 000 луѓе во Норвешка ја примиле првата доза на вакцина против коронавирусот на „Фајзер“ или „Модерна“
Норвешките власти оставија на лекарите да одлучат кој треба да се вакцинира против ковид-19.
Норвешката агенција за лекови вчера соопшти дека вкупно 29 лица имале несакани ефекти, од кои 13 биле фатални, а сите смртни случаи се пациенти во домови за стари лица, сите постари од 80 години.
Агенцијата во првиот извештај за несаканите ефекти, потпишан од Сигурд Хортемо ги наведе треската и гадењето како несакани ефекти, сметајќи дека тие може да доведат до смрт кај лица со „послабо здравје“.
Според официјалните податоци, од крајот на декември повеќе од 30 000 луѓе во Норвешка ја примиле првата доза на вакцина против коронавирусот на „Фајзер“ или „Модерна“.
„Ова не предизвикува вознемиреност кај нас. Сосема е јасно дека овие вакцини имаат многу низок ризик, со мал исклучок кај најслабите пациенти“,
вели Стеинар Мадсен, медицински директор на агенцијата за норвешкиот радиодифузер НРК.
„Лекарите сега мора внимателно да размислат кој треба да се вакцинира. Оние кои се многу слаби и на самиот крај на животот можат да бидат вакцинирани по индивидуална проценка“,
додаде тој.
Норвешката агенција за лекови нагласи дека досега 21 жена и осум мажи имале несакани ефекти од вакцините.