Невреме може да се очекува и во наредните денови. Според актуелното предупредување на УХМР, од денеска попладне па сè до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа ќе има и пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Невремето кое попладнево го зафати Скопје предизвика и штети во дел од градот. Врз гаражи во скопската општина Кисела Вода паднало и дрво, може да се забележи од фотографиите кои ги објавија дел од медиуми и од оние што се споделуваат по социјалните мрежи.


Невреме може да се очекува и во наредните денови. Според актуелното предупредување на УХМР, од денеска попладне па сè до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа ќе има и пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, велат од УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести грмежи и силен ветар од над 90 километри на час, а можна е и појава на град.
Температурата, пак, од утре ќе биде во постепено опаѓање.