На оваа автопатска делница, која е во изградба, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево

Во наредните десет дена сообраќајот на патот меѓу селата Требеништа и Мешеишта во Општина Дебрца ќе се одвива по изменет режим. Од Секторот за внатрешни работи Охрид велат дека на оваа автопатска делница, која е во изградба, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево.
Од СВР Охрид упатуваат апел возачите да бидат крајно внимателни, да возат со приспособена брзина и да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
