По пронаоѓањето, Пакистанците биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка
Полицијата синоќа во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во кумановското село Речица пронашле 23 мигранти од Пакистан. Според полициското соопштение, тие првично биле забележани во возила кои не застанале на полицискиот знак стоп.
„На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон село Сопот, во село Долно Којнаре, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање“,
велат од МВР.
По пронаоѓањето, Пакистанците биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка. Од МВР најавуваат пријави по целосното расчистување на случајот.