Во болниците во земјава има вкупно 388 пациенти кои се третираат од ковид-19, од кои седум се на респираторна машина.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, со што вкупниот број на хоспитализирани е 109 лица. На кислородна поддршка се 46 пациенти, и нема на механичка вентилација.
Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на ковид-19.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.