Во последните 24 часа во ковид-центрите само во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации со ковид-19, а отпуштени се 37 излекувани. Во моментов во болниците во главниот град се лекуваат 478 лица позитивни или сомнителни на ковид-19.
Најмногу од нив се лекуваат на Инфективната клиника – 151 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 109.
Во детската болница во Козле има 31 пациент од кои 9 се деца, а 22 возрасни.
На интерните клиниките состојбата е следна: на Институтот за ТБЦ има 50 пациенти; на Клиниката за неврологија 30; на Кожната клиника 27; на Клиниката за нефрологија 24; на ОРЛ 23; на Клиниката за гастроентерохепатологија 17, а на Клиниката за очни болести 16 пациенти.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места во ковид-центрите во Скопје.