Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот
Според Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 334. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни места.
Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени за ковид се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие на интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 17 примени пациенти и 13 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле нема приеми, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Според извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 111 пациент, во болницата во Штип се хоспитализирани 70 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 82, а во Куманово 92 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 85 пациенти, во Прилеп 77, во ковид-центарот во Гостивар 27, а во Струга 16. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 29, Кавадарци 38, а во Гевгелија 16 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
