Во Косово изминатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи како последица на ковид-19, а во истиот период има и 294 нови случаи на коронавирусот, јави МИА.
Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 56 412 лица, од кои починале 1 420 заразени.
Во изминатите 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 280 лица кои претходно биле дијагностицирани со ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 49 713.
Активни во моментов, според официјалните податоци, се 5 279 случаи.
Вчера се извршени 1 729 тестирања, а вкупно досега 211 689 со ПЦР-тест.