Според информациите од косовските медиуми, полицијата нашла и запленила празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединето Кралство, Бразил, Мексико, Германија
Пронајдена е софистицирана лабораторија за фалсификување на документи во Приштина, информираат косовските медиуми.
Косовската полиција прво запрела возило во кое нашла фалсификувани бланко документи, а потоа бил извршен претрес во куќа, која служела како лабораторија за изработка на пасоши, лични карти и возачки дозволи.
Пронајдени се и запленети се ласерски машини, печатачи, повеќе од 20 илјади микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот.
Според информациите, од косовските медиуми, полицијата нашла и запленила празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединето Кралство, Бразил, Мексико, Германија.
Уапсено е лицето што управувало со автомобилот и одредена му е мерка притвор од еден месец.
Отворени се случаи за фалсификувани документи и организиран криминал.