Спомен-обележјето ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“
Советот на Општина Кочани вчера едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста на 63 ангели“, посветено на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“.

Предлогот е иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“ и е усвоен со 19 гласа „за“.
Спомен-обележјето ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“ во Кочани.
Со одлуката на Советот на Кочани, градоначалникот Владко Грозданив се овластува по брза постапка да формира раборно тело, со цел проектот да биде завршен до 16 март, кога ќе наврши една година од трагедијата во која настрадаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
