Верските обреди ги предводи поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан и митрополитот на брегалничката епаргија г. Иларион
По повод годишнината од трагичниот пожар во т.н. дискотека „Пулс“ денеска со почеток од 8 часот во црквата „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржува литургија за упокоените.
Во 9 и 30 часот почнува парастосот за упокоените во пожарот.

Верските обреди ги предводи поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и митрополитот на брегалничката епаргија г. Иларион.
Паралелно со настаните во Кочани, во Скопје ќе се одржи Меѓународна конфереенција посветена на институционалните и клиничките аспекти на справување со последиците од пожарот во „Пулс“.
Посебна вредност на оваа конференција, ќе биде присуството на 37 лекари и медицински експерти од странство, што во најтешките денови по трагедијата во Кочани директно учествуваа во лекувањето на пациентите.
