Во една од најголемите кланици во Германија досега коронавирусот е потврден кај 1 029 лица, соопштија локалните власти.
Бројот на тестирани досега изнесува околу 3 000, додека сите 6 500 вработени, вклучително и менаџерот и нивните семејства се во карантин.
Според агенцијата Дпа, дел од вработените се во т.н. работен карантин односно можат да се движат само од дома до фабриката.
Станува збор за кланица во северозападниот дел на Германија. Фабриката е на компанијата „Тенис“ и се наоѓа во местото Реда-Виденбрик.