А.Ф. (43) од Пожаревац бил приведен по добиено барање од Интерпол – Белград
Српски државјанин, осомничен за свирепо убиство, е пронајден и лишен од слобода на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осомничениот, на 29 септември го привеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по добиено барање од Интерпол – Белград.
Приведениот српски државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац во Србија е осомничен за кривично дело свирепо убиство на неговиот брат и им е предаден на полициските служби на Србија за понатамошна постапка, информираат од МВР.