Оттаму се задоволни од излезеноста, со исклучок на Сарај и Чаир, каде што има наводи за поткуп за граѓаните да не излезат на гласање
Мирно и тивко во штабот на Левица, движење има само од некои партиски членови што пристигнаа во штабот.

Портпаролот на Левица, Круме Богевски, на првата прес-конференција рече оти се задоволни од излезеноста, со исклучок на Сарај и Чаир, каде што има наводи за поткуп, за граѓаните да не излезат на гласање.
Посочи и дека во текот на денот имало пријави за нефункционалност на уреди за електронска идентификација.
Според него, резултатите се неизвесни, а во голем број од местата има мртва трка меѓу нивниот кандидат за градоначалник Амар Мециновиќ и неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
„Во Карпош и Центар има водство на Левица. И во Кисела Вода на некои места има водство Левица“,
рече тој.
