Најголемо зголемување има кај алкохолните пијалаци и тоа 8,4 отсто и кај храната кое е 8,1 проценти

Во јули цените на угостителските услуги се зголемиле за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
По групи, најголемо зголемување има кај алкохолните пијалаци и тоа 8,4 отсто и кај храната кое е 8,1 проценти. За една година безалкохолните пијалаци во угостителството поскапеле за 6,1 отсто.
Во споредба со претходниот месец годинава, пак, во јули имало покачување на цените кај повеќето категории. Храната поскапела за 0,4 отсто, алкохолните пијалаци за 1,6, безалкохолните пијалаци за 0,9, а ноќевањата за 0,2 проценти.
Гледано на подолг временски период, од јануари до јули оваа година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 5,3 отсто во однос на истиот период лани, додека во однос на декември 2024 година, зголемувањето е 1,6 проценти.