Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека епицентарот на земјотресот бил на околу седум километри од Дебар, на длабочина од осум километри
Во југозападните делови од земјава синоќа бил почувствуван земјотрес. Потресот со магнитуда од 3,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 22:44 часот по локално време.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека епицентарот на земјотресот бил на околу седум километри од Дебар, на длабочина од осум километри.
?#Earthquake (#земјотрес, #tërmet) M3.1 occurred 7 km S of #Дебар (North Macedonia) 14 min ago (local time 22:44:27). More info at:
— EMSC (@LastQuake) August 2, 2023
?https://t.co/bKBgMenA4F
?https://t.co/yEssRmyFVn
?https://t.co/zfPSfVzUFg pic.twitter.com/llTu6ToiSk
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје информираат дека епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.
„Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата земја, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала“,
соопштија од Опсерваторијата.