Од МВР додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

За еден месец Министерството за внатрешни работи (МВР) изрекло 101 казна за возачи на чии автомобили имало непрописно вградени фолии.
Контролите биле извршени во периодот од 1 до 31 јануари.
„Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“,
пишува во соопштението на МВР.
Од МВР додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
