Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се под контрола, а 16 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Активни пожари има во Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини; Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција; Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани; Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа; Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин; Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња; Зелениково – с. Гумалево; Крива Паланка – с. Нерав; Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце; Старо Нагоричане – с. Руѓинце; Василево 1 – с. Сушево; и Василево 2 – с. Добрашинци.
Под контрола се пожарите во Македонски Брод 1 – с. Грешница; Македонски Брод 2 – с. Латово; Струмица – с. Баница и населба Софилари; Карбинци – с. Јунузлија; и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце.
Изгаснати се пожарите во Сарај 1 – с. Семениште; Сарај 2 – с. Паничари; Гази Баба – с. Трубарево; Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна; Кривогаштани – кај депонијата; Струмица – м.в. Три Води; Василево – с. Василево; Струга 1 – с. Калишта; Струга 2 – с. Октиси; Штип – кај м.в. 9-ти км; Карбинци – с. Радање; Куманово 1 – н. Бедиње; Куманово 2 – с. Табановце; Куманово 3 – ул. Никола Тесла; Куманово 4 – с. Тромеѓа; и Теарце – с. Непроштено.