Деветнаесет авганистански државјани, од кои 10 малолетни, синоќа слетаа на аеродромот во Загреб, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.
Помеѓу пристигнатите се лица кои им помагале на делегацијата на Европска Унија во Кабул и членови на нивните семејства.
Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги повика земјите членки на ЕУ да прифатат членови на персоналот од Авганистан, околу 500 Авганистанци, главно преведувачи и помошен персонал и членови на нивните семејства. Хрватска одлучи да прифати 20 Авганистанци.
Завчера, пак, во Албанија пристигнаа првите 171 бегалец, а на аеродромот ги пречекаа албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка, како и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким.
Се наведува дека планирано е да останат во Албанија додека не добијат виза за САД.
