Директорката на Клиниката за инфективни болести најави дека до крајот на јануари во земјата ќе имаат одобрено вакцини од четири производители
До крајот на викендот во Хрватска (земја со нешто повеќе од 4 милиони жители) биле вакцинирани околу 46 000 лица, а 80 од нив имале претежно лесни несакани ефекти, соопшти денеска директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михалевиќ“ во Загреб, Алемка Маркотиќ, во неделата, пренесува агенцијата Хина.
Маркотиќ за Хрватската телевизија (ХТВ) исто така изјави дека досега имало и една алергиска реакција на која лекарите соодветно одговориле.
Таа рече дека „некои несакани ефекти како што се треска и болка во раката“ се очекуваат по втората доза од вакцината, но дека не се регистрирани никакви опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што се вакцинирани голем број луѓе.
Маркотиќ објави дека Хрватска наскоро ќе има одобрено вакцини од четири производители, бидејќи веќе се нарачани големи количини од и од компанијата „АстраЗенека“, чија вакцина може да биде одобрена до крајот на јануари.
Според неа, охрабрувачка е и најавата за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, за која, како што рече, „се чини дека ќе биде можно да се достави документација за одобрување многу побрзо“.
Таа оцени дека епидемиолошката слика во земјата е подобра, и сугерираше дека треба да се биде внимателен при олеснување на мерките, бидејќи се шири нов вид на вирусот.
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 379 нови случаи на коронавирус, додека 28 лица починале.