Новинарката на Њујорк Тајмс Стефани Нолен која била во еден од двата авиони изјавила дека многу од патниците од Африка не носеле маски, ниту ги почитувале пропишаните мерки
Патниците кои денеска со авион од Јужна Африка слетаа во Холандија се позитивни на нова мутација на вирусот – омикрон. Околу 13 патници кои патувале од Јужна Африка до Холандија се заразени со новата варијанта.
Холандските здравствени власти вчера соопштија дека по летот од Јужна Африка се регистрирани 61 лице позитивно на коронавирус. Експертите продолжија со понатамошни испитувања за да откријат дали споменатите случаи имаат врска со неодамна регистрираниот нов – сој омикрон.
Околу 600 патници пристигнаа на аеродромот во Амстердам во петокот од Јужна Африка, по што беа тестирани за да се утврди дали имаат нов вид на коронавирус.
Холандскиот министер за здравство Хуго де Јонге ја потврди информацијата дека 61 лице биле позитивни за време на тестот. По новите позитивни резултати, холандските власти ги забранија сите патувања од јужна Африка.
„Патниците кои се позитивни на вирусот ќе бидат изолирани. Истражуваме и се надевам дека во најбрз можен рок ќе дознаеме дали се заразени со нов, омикрон сој“,
рече министерот.
Новинарката на Њујорк Тајмс Стефани Нолен која била во еден од двата авиони изјавила дека многу од патниците од Африка не носеле маски, ниту ги почитувале пропишаните мерки.
Од денеска во Холандија на сила е делумен карантин, во услови на рекорден број случаи на заразени со коронавирус и загриженост за ширење на потенцијално позаразната нова варијанта омикрон.
Најмалку во следните три недели, угостителските и културните институции како што се кафулињата, музеите и кината мора да затвораат во 17 часот по локално време. Властите веруваат дека мерките се клучни за заштита на болниците во земјата од преоптоварување, пренесуваат агенциите.