Според началникот на Генералштабот, Џулиус Дебра, во хеликоптерот на воздухопловните сили на Гана биле и неколку други политичари. Засега нема дополнителни детали за причината за падот на леталото

Осум лица, вклучувајќи ги министерот за одбрана и министерот за животна средина на Гана, загинаа во пад на воен хеликоптер во јужниот регион Ашанти, соопштија официјални лица.
Според началникот на Генералштабот, Џулиус Дебра, во хеликоптерот на воздухопловните сили на Гана биле и неколку други политичари.
Хеликоптерот, со тројца членови на екипажот и пет патници во него, одеднаш исчезнал од радарот, соопштија воздухопловните сили. Засега нема дополнителни детали за причината за падот на леталото.
Началникот на Генералштабот го нарече инцидентот национална трагедија и најави дека знамињата ќе бидат спуштени на половина копје низ целата земја.
Претседателот Џон Махама изрази сочувство до семејствата на жртвите.