Во изминатото деноноќие во Грција починаа 34 лица со ковид-19, што претставува рекорден број смртни случаи на дневно ниво, додека пак регистрирани се 2 556 нови случаи, јави МИА.
Од денешните нови случаи, повторно најголемиот број се во областа Атика, поширокиот регион на Атина (637 новозаразени) и во Солун (560 нови случаи).
Зголемен е бројот и пациенти приклучени на апарати, 207 лица, односно за 11 повеќе од вчера.
Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 54 809 случаи, а починаа вкупно 749 лица.
Грција од утрово е во целосен карантин што ќе трае до 30 ноември.