Во процесот на имунизација во Грција од денеска е вклучена и вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која е наменета за сите категории граѓани, јави МИА од Атина.
Според најавите од изминатите денови од генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус, паралелно, од денеска почнува третата фаза на имунизација во земјата, со дополнителен број пунктови и се очекува да се зголеми бројот на дневните вакцинации.
Заклучно со вчера, во земјата се спроведени 3 201 212 вакцинации, од кои 2 214 660 граѓани ја примиле првата доза, а 986 552 и втората.