Во Германија во последните 24 часа е забележан најголем број на нови инфекции со коронавирус од почетокот на епидемијата
Институтот „Роберт Кох“ забележа 33 949 нови случаи на инфекција, што е зголемување од околу 28 000 во однос на истиот ден минатата недела. Претходниот пат рекордот беше поставен на 18 декември минатата година, кога во еден ден имаше 33 777 новозаразени, пренесува Индекс.хр.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан треба да се сретне со гувернерите на 16 региони за да донесе одлука за понатамошни мерки за борба против ширењето на инфекцијата, бидејќи одделенијата за интензивна нега се пополнуваат побрзо од очекуваното, а се разболуваат и децата.
Во последните 24 часа починале 165 лица, наспроти минатонеделните 126. Во Германија досега од ковида-19 починале вкупно 96 192 лица.
Околу две третини од 83 милиони Германци се вакцинирани, а околу 16,2 милиони луѓе сè уште не примиле ниту една доза.
Регионалните власти го ограничија пристапот до затворени простории само за вакцинирани лица, оние кои неодамна прележале ковид-19 или имаат негативен тест.