Според ресорното министерство, веб-страницата има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминување на граничните вредности во тековната година, како и годишни анализи за претходни години
Во функција е https://air.moepp.gov.mk/, нов веб-портал за квалитет на воздухот, информира Министерството за животна средина (МЖСПП).

Податоците од сите мониторинг-станици, како што велат од МЖСПП, како и досега можат да се гледаат во реално време.
„Новитет е што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух, што започна со примена од 4 јули 2025 година“,
пишува во соопштението на МЖСПП.
Според ресорното министерство, веб-страницата има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминување на граничните вредности во тековната година, како и годишни анализи за претходни години.
Пуштена е и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитетот на воздухот за Андроид и за iOS.
Според податоците на оваа веб-страница од мерната станица во центарот на Скопје, до 12 часот квалитетот на воздухот е означен како „многу лош“.
Концентрација на ПМ 2,5 честичките е 105.52 микрограми на кубен метар.
