Муслиманско братство во 2013 година е прогласена за терористичка организација
Египетскиот суд осуди на смрт 24 членови на организацијата Муслиманско братство, обвинети за убиство на полицајци во два одделни случаи.
Тие се осудени поради поставување на бомба во полициски автобус во египетската провинција Бехеира во 2015 година, при што загинаа тројца полицајци, а повеќемина беа повредени, и за убиство на полицајци во 2014 година.
На осуммина им се судеше во отсуство бидејќи се во бегство.
Муслиманско братство во 2013 година е прогласена за терористичка организација, по едногодишниот претседателски мандат на Мохамед Морси.