Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи

Во два одвоени случаи во Куманово вчера било пријавено дека двајца ученици биле нападнати од двајца наставници. Исто така, во кумановската полиција дека е нападнат пријавил и еден од наставниците.
Имено, според информациите од полицијата, дваесет и седумгодишниот наставник М.Љ., кој работел во основно училиште во градот, вчера во 17 часот пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик.
Подоцна, како што информираат од СВР Куманово, во 21:05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека неговиот син кој учи во основното училиште бил физички нападнат од наставникот М.Љ.
Вториот случај за кој информираат од СВР Куманово исто така е пријавен вчера околу 17:30 часот. Во него 41-годишен жител на градот со иницијали Д.И. пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од наставникот Д.Д.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.