Владата на С. Македонија во четврток ќе избере амбасадори за повеќе испразнети позиции. Според високи извори од извршната власт, сите предлози за амбасадори се целосно усогласени со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателот на државата Стево Пендаровски.
Како што веќе објави „360 Степени“ на 28 ноември годинава, кандидат за амбасадор во НАТО е Дане Талески, досегашен советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев и Национален координатор за НАТО. Засега не се открива уште колку точно амбасадори ќе се бираат на задутрешната владина седница.