Предвидено е по потпишување на договорот, министрите за надворешни работи, Османи и Генчовска, да одржат и прес-конференција

Во бугарското Министерството за надворешни работи во тек е средбата помеѓу делегациите на Бугарија и Северна Македонија која треба да заврши со потпишување на билатералниот протокол.
Потпишувањето на документот треба да се случи во 11:30 минути по локално време (10:30 по македонско) што дел од бугарските медиуми ќе го пренесуваат во живо.
Потоа предвидени се и изјави од министрите за надворешни работи, Теодора Генчовска и Бујар Османи.
Како што вчера брифираа извори од нашето МНР, текстот на протоколот ќе биде објавен веднаш по потпишувањето затоа што двајцата министри постигнале таков џентлменски договор.