Според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН, од почетокот на воените дејствија од страна на Русија во Украина, оттаму избегале над 1,7 милиони луѓе, а повеќе од 183 илјади се раселени во европските земји кои не и се соседи на Украина
Од 24 февруари, кога започна руската инвазија во Украина, во Бугарија влегле над 38 000 украински граѓани, а бугарската гранична полиција прецизира дека 17 000 украински државјани ја напуштиле земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на границата меѓу Бугарија и Романија досега се поднесени 100 барања за хуманитарна помош.
„Вдолж северната граница меѓу Романија и Бугарија во моментов се градат пунктови за првичен прием на бегалците и уште таму ќе се знае колку од нив имаат каде да се сместат, а оние кои немаат ќе бидат упатени во државните бази и во хотелите што изразиле желба да ги примат“,
за БНР изјави претседателката на Државната агенција за бегалци на Бугарија Петја Парванова.
Според неа, во Бугарија за неколку дена ќе почне да се применува Европската директива за привремена заштита, според која граѓаните на Украина ќе имаат право да бараат привремена заштита на територијата на Бугарија, како и во другите земји од ЕУ.
Според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН, од почетокот на воените дејствија од страна на Русија во Украина, оттаму избегале над 1,7 милиони луѓе, а повеќе од 183 илјади се раселени во европските земји кои не и се соседи на Украина.