Судењето ќе се одржи во поранешното седиште на НАТО, за да има доволно простор за повеќе од 900 обвинители и меѓународни медиуми
Во Брисел денеска почнува судењето на десеттемина осомничени за нивната улога во исламистичките терористички напади во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотина беа повредени.
Судењето ќе се одржи во поранешното седиште на НАТО, за да има доволно простор за повеќе од 900 обвинители и меѓународни медиуми.
Судењето започнува со подготвително рочиште, на кое службено ќе се потврдат сведоците. Обвинетите не се должни да дојдат на ова судско рочиште.
Продолжението на судењето е закажано за 10 октомври. Тогаш ќе бидат објавени членовите на поротата, пред почетокот на расправата, закажана за 13 октомври.

Бомбашите самоубијци на 22 март 2016 година ги нападнаа аеродромот и метро-станицата во Брисел.
Осум осомничени се обвинети за терористичко убиство, обид за терористичко убиство и учество во активности на терористичка организација, а девет обвинети, само за учество во терористички активности, извести белгиската новинска агенција Белга.
На едно лице ќе му се суди во отсуство, а се претпоставува дека загинало во Сирија.
Најистакнат обвинет е Салах Абдеслам, кој минатиот јуни веќе беше осуден на доживотен затвор, поради вмешаност во нападите во Париз, во ноември 2015 година. Тој исто така беше осуден и на 20 години затвор во посебно судење, поради пукање во полицијата, непосредно пред да биде фатен во 2016 година.