Најголем дел од нив се во ковид – центрите во Скопје
Според Министерството за здравство има капацитет од уште 150 кревети
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 296 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Најмногу од пациентите со компликации – 443 се сместени во Скопје, каде во текот на 24 часа се примени 26 нови пациенти.
На интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ОРЛ, тројца на Клиниката за нефрологија и двајца на Клиниката за очни болести.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 лица, на Клиниката за инфективни болести има 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои седум деца и 21 возрасен.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип 53 пациенти, во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 57, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Во ковид – центарот во Охрид има 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид – центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациент, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 46, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар девет позитивни и суспектни на корона вирусот.