Во Кавадарци и во Гевгелија нема ниту еден позитивен на коронавирус кој е на болничко лекување
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 109.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени 2 нови пациенти. Вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Двајцата новопримени пациенти се во ГОБ „8 Септември“.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Најмногу има во Куманово- 14, потоа во Струмица 9, во Гостивар и Велес по 8, во Охрид 7 пациенти, во Битола и Струга по 5, во Штип 4, во Прилеп 3 и во Тетово двајца, додека во Кичево има само еден пациент во болница.
Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
