Вкупно 702 лица сомнителни и позитивни на ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, додека во другите градови во земјава се лекуваат 998 пациенти. Од министерството за здравство соопштија дека на располагање вкупно се лекуваат 1699 пациенти во болнички услови, а на располагање има околу 335 празни кревети во ковид центрите.
„Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти“,
велат од министерството за здравство.
Од министерството додаваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.
„Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни“
посочуваат од министерството.
Според дневниот извешатја од министерството, во болницата во Битола се хоспитализирани 150 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 87 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 118 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 35, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.