Во ковид-центрите и одделенијата во цела земја се лекуваат вкупно 1 304 пациенти кои се позитивни или суспектни на коронавирусот, а има околу 200 слободни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Од хоспитализираните, 491 се во скопските болниците, додека 813 се во болниците во внатрешноста.
Надвор од Скопје, најмногу пациенти во моментов се згрижени во кумановската болница – 110 и во охридската – 109. Во Прилеп, пак, се хоспитализирани 94 пациенти.
Во останатите болници бројот на пациенти е следен:
- Битола 73
- Струмица 72
- Гостивар 61
- Штип 56
- Велес 55
- Кавадарци 55
- Тетово 41
- Струга 38
- Гевгелија 21
- Кочани 12
- Кичево 10
- Дебар 10