За некои лекови за ковид-пациентите што се користат во болниците потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните количини се испорачуваат и нема недостиг од лекови.
Ова е заклучено на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на интерните клиники, на која се разговарало за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал.
„Во моментов има доволно слободни места на интерните клиники, а Министерството за здравство, ја следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти. Во однос на кадарот ќе бидат испратени дополнителен број лекари во сите ковид-центри на интерните клиники“,
соопштија од Министерството за здравство.
Од Министерството соопштија дека во ковид-центрите во Скопје, во последните 24 часа, се хоспитализирани 32 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.